Not published yet
“You Have The CTRL”
 
проект финансиран од Еразмус+ програмата на Европската Унија
Конзорциумот од 4 партнери започнува меѓународен младински Еразмус+ проект You Have The CTRL, финансиран од Европската Унија. Проектни партнери се Асоцијација Бабилон Травел (Романија), Карабаглар Кајмакамлиги (Турција), Инклузивни боречки вештини Икаидо (Ирска) и Мрежа за Доживотно Учење (Република Северна Македонија).
Овој проект се фокусира на млади луѓе со помалку можности, млади луѓе со оштетен вид, млади луѓе кои доживеале “bullying”, нетолеранција и предрасуди, со цел целосно да се адресираат прашања за интернет безбедност, недостаток на медиумска писменост и правилна употреба на социјалните мрежи од страна на млади луѓе. Развојот на добри практики на социјалните медиуми ќе помогне да се намали говорот на омраза, агресијата преку интернет и ќе се обиде да се бори против онлајн екстремизмот, во однос на младите со попреченост и младите со помалку можности, со и без пристап до интернет и социјални платформи.
Со цел да се постигнат овие цели, во рамките на проектот ќе се организира младинска размена што ќе се одржи во Измир, Турција, на која ќе учествуваат 32 млади луѓе од четири држави на проектните партнери, на возраст од 16 до 24 години. Секоја национална група ќе се состои од 8 млади луѓе, 4 лица со оштетен вид и/или со помалку можности и 4 лица без попреченост или помалку можности, како и придружна личност за лицата со попреченост и водич на групата.
Младинската размена ќе создаде обединета, неформална група која ќе истражува и открива повеќе за медиумска и дигитална писменост, ќе учи техники и алатки за препознавање на веродостојни информации и за идентификација на ризиците од користење на интернет за нивна заштита и безбедност, како и доверливост.
 
Повеќе информации:
Веб-страна www.mdu.mk