Почеток на Проектен резултат 1 во рамки на проектот „Дизајнирање на едукативни помагала/материјали за одржлив развој за млади лица со попреченост“
🌱 Ви го претставуваме проектниот резултат 1 🌱
Возбудени сме што ќе започнеме револуционерно патување во нашиот проект „Дизајнирање на едукативни помагала/материјали за одржлив развој за млади лица со попреченост“
🌟 Во МДУ ние веруваме во моќта на образованието и инклузивноста. Денеска тргнуваме на мисија која ветува многу.
🌍 Целта на Проектниот Резултат 1 е да се создаде наставна програма за учење со 36 најдобри практики за учење за одржлив развој и култура специјално прилагодени за млади луѓе со пречки со вид, слух и интелектуална попреченост.
📚 Ова означува значителен чекор кон зајакнување на лицата со попреченост активно да учествуваат во обликувањето на поодржливо и поинклузивно општество.
🤝 🌐 Нашата глобална соработка
Овој проект е овозможен преку Програмата Еразмус+ на Европската комисија. Конѕорциумот е составен од посветени партнери од 6 земји: Северна Македонија, Романија, Австрија, Албанија, Шведска и Турција. Заедно, ние сме обединети во нашата посветеност за создавање достапни и правични ресурси за учење за лицата со попреченост.
🌍🤗 Останете во тек додека го продолжуваме ова инспиративно патување кон дизајнирање на помагала за учење за одржлив развој за млади лица со попреченост. Заедно, можеме да направиме разлика!
🌿💪 За повеќе детали за нашиот проект и нашите партнери, посетете не на www.mdu.mk