Мрежа за доживотно учење, МДУ Тетово, организираше настани за дисеминација “Лицата со попреченост учат и го поддржуваат одржливиот развој и зачувувањето на културата”. Организирани беа два настани еден лице-в-лице и еден онлајн, со цел да се споделат проектните резултати од проектот “Green tools” во Тетово, Македонија. На настанот учествувааа 36 учесници лице-в-лице и 20 учесници онлајн: претставници на граѓански организации, млади лица со попреченост, нивните семејства и негуватели, наставници, едукатори од редовни и специјални училишта, како и публика од сите сегменти на општеството.
Овој настан беше можност да се презентираат алатките и методологиите развиени во текот на проектот.
Настанот ги опфати сите резултати од проектот:
- Р1: Развиени содржини за учење и едукативен материјал погоден за млади лица со попреченост на теми од одржлив развој и култура
- Р2: Произведени аудио материјали за лица со оштетен вид и специјални книги како помагала за учење за млади лица со интелектуална попреченост
- Р3: Продуцирани филмови за учење за одржлив развој и култура за секоја држава од проектниот конзорциум
- Р4: Создадена мобилна апликација која ги поврзува развиените едукативни материјали
“Дизајнирање на едукативни алатки за млади лица со попреченост на тема одржлив развој и култура” - Green tools, е Erasmus+ проект, финансиран од страна на Европската комисија. Проектот обединува 6 проектни партнери од 6 држави : Македонија, Турција, Романија, Шведска, Албанија, Австрија.
За повеќе информации за проектот Green tools, посетете ги проектните социјални медиуми: