Се одржа првиот состанок во рамки на проектот „Девојки - шампиони на политички промени“.

Проектните партнери Albanian Institute of Public Affair од Албанија, Djeca Crne Gore, од Црна Гора и Мрежа за доживотно учење, Македонија, имаа можност да дискутираат за проектните активности, да ги постават временските рамки и да започнат со имплементирање.

Во рамки на проектот, најмалку 10 млади девојки од три града: Тетово, Тузи и Тирана ќе имаат можност преку различни активности да ги зајакнат своите капацитети за младинска вклученост во политичките процеси и да научат повеќе за важноста од вклученост на жените на политичката сцена.


Calls & Announcements Повици и соопштенија