Мрежа за доживотно учење, МДУ Тетово, организираше настани за дисеминација “Лицата со попреченост учат и го поддржуваат одржливиот развој и зачувувањето на културата”. Организирани беа два настани еден лице-в-лице и еден онлајн, со цел да се споделат проектните резултати од проектот “Green tools” во Тетово, Македонија. На настанот учествувааа 36 учесници лице-в-лице и 20 учесници онлајн: претставници на граѓански организации, млади лица со попреченост, нивните семејства и негуватели, наставници, едукатори од редовни и специјални училишта, како и публика од сите сегменти на општеството.
Овој настан беше можност да се презентираат алатките и методологиите развиени во текот на проектот.
Настанот ги опфати сите резултати од проектот:
“Дизајнирање на едукативни алатки за млади лица со попреченост на тема одржлив развој и култура” - Green tools, е Erasmus+ проект, финансиран од страна на Европската комисија. Проектот обединува 6 проектни партнери од 6 држави : Македонија, Турција, Романија, Шведска, Албанија, Австрија.
За повеќе информации за проектот Green tools, посетете ги проектните социјални медиуми:
Мрежа за Доживотно Учење, Тетово учествуваше на третиот Транснационалниот состанок на проектот„Дизајнирање на едукативни помагала/материјали за одржлив развој за млади лица со попреченост” кофинансиран од програмата Еразмус плус на Европската комисија, кој обединува 6 партнери од 6 држави: Северна Македонија, Романија, Австрија, Албанија, Шведска и Турција. Средбата се одржа во Бурса, Турција, на 09.12.2023 година.
Следејќи го генералниот преглед на резултатите од проектот и досегашната работа, се фокусиравме на прашањата за координација со проектот, имплементација, мониторинг, евалуација и дисеминација. Во моментов ги правиме последните модификации за финализирање на проектен резултат 3, односно документарни видеа и проектен резултат 4 мобилна апликација.
Генерално, состанокот беше корисна средба и едвај чекаме да ве запознаеме со нашите финални производи!
„Дизајнирање на едукативни помагала/материјали за одржлив развој за млади лица со попреченост” преку програмата Еразмус плус Крај на проектот Резултат 3: Документарни видеа за учење за одржлив развој и култура за секоја од земјите учеснички
Проектот „Дизајнирање на едукативни помагала/материјали за одржлив развој за млади лица со попреченост” е проект Еразмус + имплементиран од конзорциум од 6 партнерски организации од Македонија, Турција, Романија, Албанија, Шведска и Австрија. Главна цел на проектот е развивање и креирање помагала за учење за лица со попреченост, поврзан со одржлив развој и култура.
Проектната веб-страна, мобилната апликација и другите алатки за одржлив развој и култура ќе обезбедат сосема нов тип на вмрежување во формалниот и неформалниот образовен сектор за обесправени и маргинализирани групи млади луѓе; тоа ќе помогне да се воспостави системска мрежа на соработка помеѓу (граѓанското општество) неформалното и формалното образование, нудејќи можности за зголемен број на поврзани проекти, истражувачки студии, современи транснационални курсеви и модули и нови пристапи и методологија во работата со оваа целна група.
Проектниот резултат 3 „Документарн видеа за учење за одржлив развој и култура за секоја од земјите учеснички“ беше насочен кон создавање кратки филмови и други видео едукативни материјали. Лицата со попреченост, а особено младите ќе бидат охрабрени и мотивирани да гледаат кратки видеа како помагала за учење. Продуцираните видеа се достапни за прикажување на интернет и споделување на социјалните медиуми.
Во изминатиот период, проектните партнери ја завршија имплементацијата на проектниот резултат 3 координиран од Мрежа за доживотно учење. Секој проектен партнер креираше видеа на две теми: одржлив развој и култура. Видео материјалот е преведен и видеата ќе бидат поставени на официјалниот YouTube канал на проектот.
Повеќе за проектот можете да најдете на проектната веб-страна: greengrowth.mdu.mk
Веб-страната во рамките на проектот Едукативни алатки за одржлив развој е достапна на 7 јазици (македонски, турски, романски, албански, шведски, германски и англиски).
Истата може да ја погледнете на следниов линк: greengrowth.mdu.mk
Проектната веб-страна служи како база за целиот произведен материјал во рамките на проектот и исто така претставува алатка за дисеминација што ја зголемува видливоста и употребата на проектните резултати.
Проектни цели:
Проектната веб-страна, мобилната апликација и другите алатки за одржлив развој и култура ќе обезбедат сосема нов тип на вмрежување во формалниот и неформалниот образовен сектор за обесправени и маргинализирани групи млади луѓе; тоа ќе помогне да се воспостави системска мрежа на соработка помеѓу (граѓанското општество) неформалното и формалното образование, нудејќи можности за зголемен број на проекти, истражувачки студии, современи транснационални курсеви и модули и нови пристапи и методологија во работата со оваа целна група.