Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово во партнерство со Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце, во рамките на Програмата за мали грантови на проектот "Национален рурален парламент како глас на руралното  население" започнаа со имплементација на проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

Проектот “Национален Рурален Парламент како глас на руралното население” е финансиран од Европската Унија и е дел од ИПА Програма за граѓанско општество и медиуми 2015 - Поддршка на организациите на граѓанското општество во рамките на Акцискиот план за граѓанско општество 2015 година, имплементиран од CNVP-Connecting natural values and people foundation, Rural development network of the Republic of Macedonia и ARD-Action for Rural Development.  Во рамките на истиот беше објавен повик за ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ, на кој беше одобрена апликацијата на МДУ во партнерство со ЛАГ за проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

Проектот “Доживотно учење за Рурален развој” се реализира на подрачјето на Општина Јегуновце и Општина Теарце, и има за цел поттикнување на Рурален развој преку доживотно учење, развој и поддршка на овозможувачка средина за рурален развој, постигнување социјални промени во Македонија, преку остварување на подобра соработка помеѓу Граѓанските организации, институции, бизнис сектор и самите граѓани и зајакнување на меѓучовечките и меѓуетничките односи преку делување на повеќе нивоа за развој на заедницата и подобрување на квалитетот на живот преку ваквиот начин на работа.


Calls & Announcements Повици и соопштенија