Мрежа за доживотно учење започна со имплементирање на проектот “Девојки – шампиони на политички промени”

Учеството и застапеноста на девојките и жените во политичките одлуки, особено на локално ниво во СБ останува ограничено и под меѓународните одредници. На оваа ситуација влијаеше недостатокот на можности и механизми за младите девојки и жени да учествуваат во политичките процеси и процесите на одлучување, како и од оскудните напори да се информираат и да се освестат за нивниот реален потенцијал. Во таа насока, за да се случат промени, проектот има за цел да ги поврзе денешните политички лидери на локално ниво со младите девојки кои се следната генерација лидери, преку нивно информирање и зајакнување, како и преку подигање на нивната свест за политиката и лидерството.

Во таа насока, младинската група „Девојки - шампиони на политички промени“ има за цел да создаде позитивна практика на зајакнување и учество на младите во политичките и процесите на одлучување преку тоа што ќе биде во директен контакт со градските советници во Северна Македонија, почнувајќи од Општина Тетово. Младите девојки дел од оваа група ќе бидат повеќе информирани и овластени преку менторската програма од две градски советнички во градскиот совет на општина Тетово. Во таа насока, со зајакнување на група девојки ќе биде полесно да се шират информациите и да се придонесе позитивно во подигнувањето на свеста за политичките процеси, локалната власт и демократијата, како и за важноста на учеството на младите во процесите кои на крајот на денот директно ќе влијае на нивните животи и иднина.

Следете не за повеќе информации околу проектот!


Calls & Announcements Повици и соопштенија