Во периодот од 08.06.2022 - 14.06.2022 година беше спроведена втората активност во рамките на проектот ЕМВИМИЛ, координиран од НВО Бабилон Травел, студиска посета која се одржа во Лиеж и Брисел, Белгија. 24 младински работници од 6 партнерски организации (Романија, Турција, Северна Македонија, Албанија, Белгија и Ирска) имаа можност не само да ја искусат адаптираната инфраструктура и инклузивни услуги обезбедени од локалната заедница, туку и да се запознаат со локални институции, невладини организации и социјални претпријатија кои се активни во социјалната вклученост на лицата со оштетен вид.


Calls & Announcements Повици и соопштенија