Мрежата за Доживотно Учење, организација активна во имплементација на проекти поврзани со стручно образование и обука, рурален развој, лица со попреченост, социјална инклузија, образование на возрасни – објавува почеток на проектот Топка за Сите (Ball for All). Проектот, финансиран од Еразмус + Програмата на Европската Унија започнува на 1-ви Август 2020 година, и ќе го имплементираат организациите: Associatia Babilon Travel (Романија), Мрежа за доживотно учење (Македонија), Karabaglar Kaymakamligi (Турција), како и локалниот придружен партнер Средно училиште за Лица со Визуелна попреченост Клуж-Напока.
Целта на проектот е да одговори на потребите на лицата со оштетен вид, да бидат вклучени во општеството со своите врсници, да бидат еднакво вклучени во образованието, културата, спортот, социјалниот живот, итн. Конкретно, на проектната активност младинската размена од една недела што ќе се одржи во Клуж-Напока, ќе се реализира активност голбол (најпопуларен спорт со топка во светот за лицата со оштетен вид, кои стануваат параолимписки спорт во 1976 година) за мешани меѓународни тимови од слепи и лица кои немаат оштетување на видот, девојчиња и момчиња. Спортската активност ќе се комбинира со дебати на теми од интерес, како што се перцепцијата на лицата со посебни потреби во општеството, стереотипите и очекувањата на / од општеството, социјалното вклучување.
Повеќе информации за проектот:
https://www.facebook.com/mrezamak

Calls & Announcements Повици и соопштенија