DiCreNDi младинска размена
 
24 Март – 1 Април, 2022, Драч, Албанија
 
Проектот се однесува на недостатокот на социјално и професионално вклучување на младите со оштетен вид од една страна и неангажманот на младите работниците во работата со лицата со оштетен вид од друга страна. Затоа, проектот има за цел да ги здружи лицата со оштетен вид и младинските работници со цел да се подобрат напорите за социјална инклузија на младите со оштетен вид и подигање на свеста за потребите и вештините на лицата со оштетен вид.
 
Ова има за цел да се развијат техники за комуникација со цел да се промовира инклузија, да се подобри довербата и самозајакнувањето и да се научат методите на работата во различни ситуации. Ќе се користат неформални алатки и активности, како и спорт и активности на отворено.
Вкупно 9 млади луѓе ќе учествуваат на активностите во рамките на младинската размена
 
Ако имате од 18 до 29 години и сакате да учествувате на оваа младинска размена, тоа можете да го направите на следниов линк: https://forms.gle/1BUVigr1ZikjzdHFA