Почеток на имплементација на меѓународниот проект „Дизајнирање на едукативни материјали/алатки за одржлив развој за млади лица со попреченост“ преку програмата Еразмус плус.
Младите со попреченост се соочуваат со повеќе форми на дискриминација што може да доведе до нивно исклучување од општеството и училиштето. Ставовите кон децата со попреченост, како и недостатокот на ресурси за адресирање на нивните потреби, ги зголемуваат предизвиците со кои се соочуваат при пристапот кон образовниот процес. Иако недоволниот пристап до училиштата е проблем, еднаква загриженост е неможноста на образовниот систем да обезбеди квалитетно образование за младите со попреченост. Како последица на тоа, тие страдаат од ниска самодоверба и немаат потребни вештини или знаења за да можат да аплицираат за соодветни работни места.
Проектот „Дизајнирање на едукативни помагала/материјали за учење за одржлив развој за млади лица со попреченост“ обединува 6 партнери од 6 земји:
Целите на проектот се:
Во рамки на проектот ќе се развијат следните проектни резултати:
Проектнатната веб-страна и другите алатки за одржлив развој и култура ќе обезбедат сосема нов тип на мрежа во формалниот и неформалниот образовен сектор за обесправените и маргинализираните групи млади луѓе; тоа ќе помогне да се воспостави системска мрежа на соработка помеѓу (граѓанското општество) неформалното и формалното образование, нудејќи можности за зголемен број на поврзани проекти, истражувачки студии, современи транснационални курсеви, модули, нови пристапи и методологија во работата со оваа целна група.
Energizers активностите на отворено никогаш не недостасуваат во нашите младински размени. Ова се моментите кога позитивно се забавуваме, се смееме, се запознаваме и се поврзуваме како група.
Имавме многу интересни работилници и презентации направени во мешани групи. Имавме можност да истражиме различни теми како што се социјалната инклузија, пристапност, човечката библиотека фокусирана на малтретирањето и сајбер-малтретирањето, сајбер безбедноста и откривањето на онлајн светот, што ги отвори нашите перспективи и ни даде можност да излеземе од нашата комфорна зона.