Мрежата за Доживотно учење во рамките на своите програмски активности го имплементира проектот : "Inclusive Skating - Ice Skating for Everyone".

Целта на проектот е да се допрат темите на социјална инклузија преку младинска, спортска размена. Тоа значи отвореност, не само кон младите со хендикеп, туку дополнително да се едуцираат млади луѓе без попреченост да се прилагодат и да разберат како можат меѓусебно да играат.

Преку проектот се промовира учество на млади луѓе во спортски активности кои им овозможуваат на лицата со попреченост социјална интеграција, создавање/зајакнување на лични, социјални и комуникативни вештини.

Проектот го имплементираат четири организации: Мрежа за Доживотно Учење, Македонија, Ресурсен Центар за учење и советување Џеладин Деда, Косово, Здружение за права на инвалиди "Балкова", Турција, Асоцијација "Бабилон Травел", Романија

 

Проектните активности вклучуваат: работилници, дискусии, играње на улоги, студиски посети, дебати и спортски активности во затворен и отворен простор.

Локација: Скопје, Македонија

Период на Младинска размена: 11.01-17.01.2020 година

 

Профил на учесници:

Тренери, младински лидери/работници (2 лица),

Млади луѓе од Македонија (лица со попреченост), (4 лица)

Лица за придружба (4 лица)

 

Сите заинтересирани за учество во проектната активност можат да се пријават на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/1B6rRhkvb-ZyB8bwa4aWU4RowHkrhwRJHSI6CXDoUQ14/edit

 

Краен рок за пријавување е: 28.12.2019 година

 

За повеќе информации можете да не контактирате на:

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

тел: 075/209-876

 

 

 

 


Calls & Announcements Повици и соопштенија