Проект “Пристапни решенија за патување на лица со оштетен вид” : Конзорциумот го одржа третиот ATSVIP транснационален проектен состанок.

На 15-16 Септември 2021, Конзорциумот го одржа третиот транснационален состанок во рамките на проектот ATSVIP, проект финансиран од Еразмус + програмата на Европската комисија.

ATS VIP е имплементиран од конзорциум од 3 проектни партнери од 3 Европски држави (Република Македонија, Романија и Шпанија).

It Solutions for All беше организатор и домаќин на состанокот кој се одржа во комбиниран формат. ITSFA и ABT се сретнаа во Малага во живо, додека МДУ учествуваше на состанокот онлајн од Македонија, поради предизвици за патување предизвикани од  Covid-19.

Тоа не го спречи МДУ заедно со партнерите перфектно да го координираат и одржат дводневниот состанок.

Програмата за состанокот вклучуваше дискусија за:

  • Интелектуални резултати:

IO1 – Креација на методолошка рамка за пристапно и безбедно патување за лица со оштетен вид.

IO2 – Креирање на ОЕР за пристапно, безбедно и сигурно патување за лица со оштетен вид.

IO3 – јавна кампања за пристапност, безбедност и сигурност за време на патување за лица со оштетен вид.

  • Преглед на проектни активности
  • Преглед на активности за дисеминација
  • Преглед и евалуација на проектната имплементација, проектен менаџмент, квалитет на проектни резултати, комуникација/соработка меѓу партнерите
  • Проектен менаџмент & имплементација
  • Влијание на проектот и проектните резултати
  • Листа со задачи

Бидејќи проектот е навремено имплементиран, партнерите, партнерите беа во можност да го анализираат целиот развој на проектот, од почетокот до сегашниот момент, како и кампањата за подигање на свеста, која е еден од главните резултати на проектот. Оваа кампања за подигање на свеста вклучува голем број иницијативи, како што се видео интервјуа, совети за безбедно патување, флаер со информации, организација на фокус групи во државите на проектните партнери, натпревар за најдобро видео, видео компилација со целиот создаден материјал и видео егзибиција поврзана со патување на слепи лица.

Сите партнери активно учествуваа со презентирање на нивната работа во секој од проектните резултати, дискутирање и споделување идеи и предлози за идна соработка.

Главна цел на проектот ATS VIP е развој на ОЕР за туризам без бариери и сообраќајни решенија кои ќе го направат патувањето за лица со оштетен вид, пристапно и безбедно, бидејќи проектот ATSVIP се стреми за подобрување на мобилноста и квалитетот на живот на лицата со оштетен вид низ цела Европа.

За повеќе информации за проектот ATS VIP:

https://www.atsvip.eu

www.cdi.mk


Calls & Announcements Повици и соопштенија